Одржана Иницијална средба по проектот „Зајакнување на регионални и локални центри за привлекување и задржување на таленти и инвестиции – МАГНЕТ“

Центарот за развој на Источен плански регион во периодот 15-16.10.2025 година учествуваше на иницијалната средба по проектот „Зајакнување на регионални и локални центри за привлекување и задржување на таленти и инвестиции – МАГНЕТ“ која се одржа во Реџо Емилија во Италија. На дводневната средба партнерите во проектот имаа можност да се запознаат, да ги претстават своите институции и предметот на нивна работа во проектот, да разменат мислења во врска со нивните очекувања од проектот и да ги планираат следните чекори кои ќе овозможат непречена реализација на проектните активности. Дискусиите беа насочени кон практики за добро проектно управување и структурата на проектниот тим, улогата и очекувањата за секој од партнерите во исполнување на индикаторите на проектот, презентација и мапирање на регионалните иновациски екосистеми, комуникациска стратегија и дисеминација, планирање на активностите за следниот семестар Вториот работен ден беше фокусиран кон планирање на следните чекори во смисла на организирање на сесии за рамена на знаење, организација на состаноците со регионалните одбори на засегнатите страни и идентификација на активности за зајакнување на локалните центри за поддршка на иновации.

Галерија

Related posts

Leave the first comment

I accept the Privacy Policy