Центарот за развој на Источен плански регион во периодот од 03-04 декември 2025 година во Хотел Изгрев Штип, организираше втора дводневна обука за зајакнување на капацитетите за развој на зелената инфраструктура, за претставници од општините во состав на Источниот плански регион и од Општина Гоце Делчев, Р. Бугарија, во рамки на проект: “Трансформирање на урбаните делови со зелена инфраструктура” EcoScape BGMK0300060, финансиски подржан од Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.
Целта на обуката е да се зајакнат капацитетите на општините, јавните комунални претпријатија и партнерите од прекуграничниот регион за успешно планирање и спроведување на мерки за зелена транзиција на градовите.
Програмата за спроведување на обуката покрај размена на искуства и најдобри практики во областа на зелена транзиција, содржеше посебни сесии за запознавање со клучните сегменти и столбови на Зелениот договор на ЕУ. Се презентираа нови иновативни пристапи и политики за одржливи урбани системи, одржливи акциски планови. Посебна сесија беше посветена на улогата на општинските јавни комунални претпријатија како и на можностите за аплицирање со проекти на јавни повици за финансирање на активности од областа на зелена инфраструктура и заштита на животната средина.
На обуката детално беа ојаснати основите сегменти на зелената транзиција и практични алатки на истата. Учесниците имаа можност да се запознаат со упатството за урбана зелена инфраструктура, комунална инфраструктува vs. зелена инфраструктура и со препорачани инвестиции во одржливи системи.
Низ парктична работа во групи, учесниците се запознаа со процесот како да идентификуваат зелена проектна идеа, да направат истражување за истата, да развијата детално проектно досие и да бараат повици за аплицирање на предлог-проектите и нивна реализација.
Целта на циклусот на обуки беше да учесниците ги зајакнат своите познавање во однос на придобивките од зелена транзиција и зелена инфраструктура, како eден соодветен начин за одржливо решавање на дел од комуналните проблеми, начини и можности за создавање на зелени површини во урбаните средини и методи за правилно планирање на идниот развој на градовите и останати помали населени места во прекуграничниот регион.
На обуката учество зедоа околу 30 претставници од Источниот плански регион и од Општина Гоце Делчев. На последниот ден од обуката на сите учесници им беа доделени сертификати за нивно учество и посветеност.







