Јавен повик за набавка на услуги за „Подготовка на материјали за промоција на Источен плански регион како дестинација за еко туризам“

                    

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ, со предмет:

„Подготовка на материјали за промоција на Источен плански регион како дестинација за еко туризам“

Референтен број  05-82/5/2020

Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 18.03.2020 година до 15:00 часот, адресирани до ЦРИПР. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).

Заинтересираните компании може да поставуваат прашање исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: [email protected] најдоцна до 11.03.2020 година.

Програмската активност „Подготовка на материјали за промоција на Источен плански регион како дестинација за еко туризам“ се реализира во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Тендерската документација за јавниот повик може да ја преземете на следниот линк.

Related posts

Leave the first comment

I accept the Privacy Policy