Успешно е реализиран проектот за уредување на Црнодолскиот водопад во туристичка населба “Рамна Река” во општина Пехчево.
Проектот е финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, со вкупна вредност од 6,5 милиони денари, се овозможи Црнодолскиот водопад да стане пристапен и достапен за посетителите.
Со проектот се изврши пробивање и уредување на безбеден поплочен пристап до водопадот во должина од 870 метри, изведена е платформа за набљудување на неговите убавини, поставени се модуларни мостови, уредени се повеќе места за одмор и рекреација, летниковци, информативни табли и останти содржини.
Со проектот даваме придонес во збогатување на туристичката понуда во регионот, посетителите ќе имаат можност да уживаат во природните убавини на Малешевијата.



