На седницата се донесе Одлука за преотстапување на дограден и реконструиран објект ,,Дом за стари лица – Берово“.
Се донесе и нов Деловник за работа на Советот за развој на Источен плански регион согласно новиот Закон за рамномерен регионален развој.
Исто така се дискутираше и за обврската на Советите на општините за донесување на Одлука за изменување и дополнување [усогласување со Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/2021)] на Одлуката за основање на Центар за развој на Источниот плански регион и донесување на Пречистен текст на Одлуката за основање, која обврска произлезе од новиот Закон за рамномерен регионален развој.



