Денес се одржа Првата регионална форумска сесија во Хотел Изгрев – Штип, за избор на приоритетни области за регионални проекти, кои би биле аплицирани за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година со индикативно планирани средства за 2025 година.
По запознавање на учесниците со форумскиот процес и правилата на истиот, во првиот форумски дел, форумот ја донесе првата одлука за избор на приоритетни области, беа избрани:
- Одржливо управување со животната средина и природните ресурси, поддржана од 34 учесници и
- Обезбедување на квалитетни и инклузивни социјални, образовни и здравствени услуги, поддржана од 24 учесници.
На првата регионална форумска сесија на 7 (седум) работни маси се дискутираа приоритетни регионални проблеми поврзани со избраните области и од страна на учесниците беа предложени решенија за истите.
На првата форумска сесија учество зедоа над 70 учесници претставници од општинските администрации, јавни институции, невладин и бизнис сектор и останати заинтересирани страни од Источниот плански регион.
Од овој форумски циклус се очекува да бидат идентификувани и поддржани проекти од регионално значење во висина од 47-50 милиони денари, средства што ќе се обезбедат од националниот буџет.


