Советот за развој на Источен плански регион, на ден 01.12.2025 година, во Општина Штип, ја одржа Конститутивната Седница со која до изборот на Претседател претседаваше Г-дин Иван Јорданов како Градоначалник на најголемата по број на жители општина од регионот.
На седницата беа верификувани мандатите на членовите на Советот за развој на Источен плански регион.
За Претседател на Советот едногласно беше избран Г-дин Тони Тоневски – Градоначалник на општина Пробиштип.









