Работна средба со директорот на Бирото за регионален развој, г. Амет Имери

Во посета на Центарот за развој на Источниот плански регион беше директорот на Бирото за регионален развој, г. Амет Имери.

На работната средба се разговараше за тековните проекти, досегашната работа, како и за предизвиците со кои се соочува Центарот во процесот на нивна реализација.

Центарот за развој на Источниот плански регион останува цврсто посветен на успешна имплементација на тековните и идните проекти, со цел поттикнување на одржлив регионален развој и унапредување на квалитетот на живот и благосостојбата на жителите во регионот.

Related posts

Leave the first comment

I accept the Privacy Policy