На 06 ноември 2026 година во Хотел „Изгрев” – Штип беше одржана прва регионална работилница за изработка на Програмата за развој на Источниот плански регион за период 2027-2031 година.
Околу 50 (педесетина) претставници од општините во состав на Источниот плански регион, претставници на јавни институции, невладин, приватен сектор и останати заинтересирани страни учествуваа на првата регионална работилница, дадоа свој несебичен придонес во утврдување на моменталната состојба во регионот, во утврдување на приоритетните стратешки области на Програмата за развој на Источен плански регион 2027-2031 година. Заеднички изработија SWOT и PESTLE анализа и се дефинира визијата на Источниот плански регион за следниот програмски период.
Пред учесниците беше презентиран Извештајот за завршно оценување и главните заклучоци за Програмата за развој на Источен плански регион 2021-2026 година, нацрт секторските анализи како и главни заклучоци и наоди за тематските области.
Втората регионална работилница за изработка на Програмата за развој на Источен плански регион 2027-2031 е закажана за 27 ноември 2026 година (петок) во Хотел „Изгрев” – Штип.
Процесот на изготвување на Програмата за развој на Источен плански регион 2027-2031 е поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза, кој се спроведува со поддршка на Швајцарската Агенција за развој и соработка.












