Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со спроведување на процесот за изработка на првата Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион и Општина Гоце Делчев.
На 11 септември 2025 година (четврток), со почеток во 10:30 во Хотел ИЗГРЕВ Штип, ќе се одржи Третата работилница за изработка на првата Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) на тема: Дефинирање на стратешки приоритети за развој на Зелената инфраструктура во регионот.
За таа цел, Центарот за развој на Источен плански регион, ги поканува сите заинтересирани учесници, претставници од општини, јавни, образовни и невладини организации во рамки на Источниот плански регион да се пријават и да земат активно учество во работилницата.
Изработката на првата Стратегија за зелена инфраструктура е финансирана во рамки на проектот: „ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА“ ECOSCAPE BGMK0300060, финансиски подржан од Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.




