Одржана XX (Дваесетта) Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 26.02.2025 година, во општина Зрновци, ја одржа XX (Дваесеттата) Седница.

Советот ја утврди Листата на Предлог – Проекти за развој на Источен плански регион, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.

Советот донесе и Одлука за преотстапување на изграден објект за „Изградба на рекреативен комплекс во с.Пишица“.

На Седницата Советот се запозна и со проектот за селектирање и собирање на отпад од пакување „Со граѓаните за граѓаните“, кој беше презентиран од страна на претставник од ЕКОПРОЕКТ – КО ДОО Кочани.

Галерија

Related posts

Leave the first comment

I accept the Privacy Policy