Потпишан Договор за реализација на проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“

Со официјалното потпишување на Договорот за грант со Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, Центарот за развој на Источен плански регион започнува со реализација на уште еден проект финансиран од Европската Унија во рамките на Interreg VI-A IPA Програмата за прекугранична соработка со Бугарија.

Во проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград” Центарот за развој на Источен плански регион се јавува како водечки партнер, додека останати партнери со свои активности се Општина Штип, Општина Гоце Делчев, Општина Сандански, Здружение на претприемачи од регион Гоце Делчев, Туристичко здружение Момини Двори и Здружение Савремие.

Проектот предвидува низа активности за креирање на целогодишна прекугранична туристичка понуда, меѓу кои и инфраструктурни активности на две локации во Источен плански регион: реконструкција на планинарскиот дом во месноста Црн Врв во општина Пробиштип и изградба на рекреативно мултифункционално игралиште под брана Градче во Општина Кочани.

Преку успешната реализација, проектот ќе придонесе и за намалување на сезоналноста на туризмот и создавање постојан проток на туристи; подобрување на институционалната соработка за постигнување заеднички цели; зголемување на атрактивноста на регионот за туристите и подобри услуги и искуства за посетителите; подобро обучени туристички професионалци; отворени можности за отворање нови работни места преку развој на (комплементарни) туристички услуги; долгорочно зачувување на регионалните предности; како и интеграција на паметни решенија кои го подобруваат целокупното туристичко искуство.

Вкупната вредност на проектот е нешто повеќе од 1 милион евра, од кои за активностите на Центарот за развој на Источен плански регион се предвидени околу 300 илјади евра.

Крајниот рок за завршување со сите проектни активности е месец април 2027 година.

Галерија

Related posts

Leave the first comment

I accept the Privacy Policy